Започна асфалтирањето на делницата на патот од Голозинци до крстосницата за Горно Врановци и Јаболчиште

Петар Печков

Финишираат  градежните активности на втората и завршна фаза   од регионалниот патен правец од село  Голозинци до раскрсницата за Горно Врановци и Јаболчиште, информираа од локалната власт на Општина Чашка. 

Започна асфалтирањето  на трасата   во должина од 5.5 км и ширина на коловозна лента од 5 метри.  Проектот е  финансиран од програмата на Јавно Претпријатие за Државни Патишта во висина од 50 милиони  денари.

Претходниот период се изврши проширување на оваа делница,  по што започна и асфалтирањето.

Поради овие асфалтерски работи кој ги изведува Македонија пат,  патот ќе биде затворен од денес четврток 9-ти јули,  секој работен ден освен во недела , во наредените четириесет дена, за секаков вид на сообраќај во период од 10 до 15 часот.

фото: архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати