Започна чистењето на брегот од езеро Младост од Градска плажа

Петар Печков

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски беше во посета на крејбрежјето на езеро Младост, каде истото се  расчистува.  Во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес., како и на исушените дрвја во крајбрежјето. 

„Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода“ – порача преку ФБ министерот Трипуновски. 

Претходно директорот на ЈВП Лисиче Ване Маневски,  кажа дека кога ќе се подобрат временските услови, калта ќе се транспортира на обезебдено место. 

Следна актинвост  е да се започне со бушење на бунари за дотур на вода, во реонот на Отовичка река, со која ќе се снабдува езерото.

За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од шест милиони денари од Програмата за водостопанство.  Од фотографиите може да се види дека во тек е чистење на крајбрежјето од Градска  плажа, завршени се активостите од кај Отовичка страна.

Ниските температури и лaдното време, го исчистија езерото Младост од плочите на органска маса кои паднаа на дното а водата се избистри. Настапил процес на разгадување на органската материја која пливаше, а беше создадена во текот на летото од цвет на алгите и трските. Ова се случи и минатата година. За да со повисоките температури тие повторно да се јават.  

 фото Министерство за земјоделие

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати