За седум месеци остварен е годишниот план за крводарување во Велешко

Петар Печков

Седум месеци, крводарителите од Општинската организација на Црвен крст Велес, го исполнија годишниот план. 

„Заклучно со 31 јули е исполент и натрфлен годишниот план кој изнесува 1860 крвни единици а се собрани 1881 крвна единица. Тоа е 21 крвна единица над планот. Тоа не исполнува, задоволството е големо. Тоа е успех пред се на крводарителите од општините Велес, Градско и Чашка“ – кажа Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.

Во летниот период, месеците јули и август, има недостиг на крвни единици на територијата на цела држава, не само Велес. љљљљљ

„Тоа се кризни месеци, но последните години сите општински организации со Заводот за трансфузиона медицина, работиме да се надмиен таквага состојба и во тоа успеваме. Засилени сме во одржување на крводарителски акции и ја надминуваме таа кризна состојба и ја немаме“ – рече Николов.  

Денес се одржа  крводарителска акција во Чашка. Беа  дарувани  24 крвни единици, еден од дарителите дарувал за прв пат. Крводарителската акција се одржа  во ОУ „Тодор Јанев“.Повод за одржување на акцијата беше  21-ви Август Ден, на општина Чашка.

Недела од 9 до 15 ч. во фоајето на велешки театар, ќе се одржи традиционалната голема летна крводарителска акција.

фото:ОО на Црвен крст Велес

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати