Зголемени средствата за годинашната велешка Питијада

Петар Печков

Советот на Општина Велес го зголеми финансискиот фонд, за манифестацијата „Фестивал на велешка  пита и вино“. 

Изменета е ставката на Програмата за култура, каде во потточката со реден бр.1.10 .„Фестивал на велешка пита и вино“ се додаваат  дополнителни средства во висина од 1.500.000 денари. Со ова „Фестивал на велешка пита и вино“ во колоната  „Предвидени средства“, износот „3.500.000“ се брише и се заменува со „5.000.000“.

Овој Фестивал кај велешани е познат како Питијада, кој годинава локалната власт   најави дека ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври, како и годините наназад, вториот викенд од октомври.

Со зголемувањето на финансиите, ќе донесе ли организаторт пеачка ѕвезда од странство?

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати