Кампања „Безбедни матурски прослави“ за матурантите од Велес

Петар Печков

Bо рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, за учениците од завршните години во Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес, ce реализираа превентивно-едукативни работилници.

„На матурантите преку интерактивна комуникација и видео презентации им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурските вечери, односно зачувување на безбедноста на учениците, јавниот ред и мир, избегнување на користење алкохол и психотропни супстанци, како и евентуално влегување во вербални и физички пресметки. Им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, свои или на нивните родители, под дејство на алкохол или без возачки дозволи или во било кои други недозволени ситуации“ - соопштија од МВР:

Целта  на активноста е да се придонесе матурските прослави да минат мирно и безбедно, а се во интерес на младите.  Денешните превентивно– едукативни активности, биле надополнети со предавање и на тема „Трговија со луѓе“.  Активноста е реализирана од полициски службеници при  Отсекот за превенција на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати