Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јуни 2025
Основниот суд Велес, го огласи за виновен обвинетиот П.Ѓ. (79 год) од Чашка на возраст од 79 години, за кривично дело „Полово вознемируање“. Тој го признал делото, по што судијаа му изрекол алтернативна мерка куќен затвор.
„На обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од 3(три) месеци и истовремено се определува дека утврдената казна затвор во траење од 3(три) месеци, со согласност на обвинетиот, казната да ја издржува во куќен затвор со електронски надзор, а која се состои во забрана за напуштање на домот, освен во случаите утврдени со Законот за пробација. Надзор над извршувањето на куќниот затвор врши судот и надлежен орган согласно закон кој може да одреди преземање на определени мерки на надзор и од полицијата во местото во кое се наоѓа домот на осудениот со обврска за редовно известување од нивното вршење“ – соопштија од Основен суд Велес.
Лицето П.Ѓ. е осуден за задоволување на полови страсти пред друг. Во случајот според став два, пред дете вршел полово дејствие или што навел дете пред него да врши такво дејствие.
Доколку обвинетиот ја прекрши забраната за напуштање на домот, по предлог на надлежен орган, судот може да одреди заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за извршување на казната затвор.
Алтернативната мерка куќен затвор ќе се спроведе од Министерстовото за правда Управа за извршување санкции Сектор пробација Скопје.