Недела попладне сообраќајна контрола за брзо возење низ велешките улици

Петар Печков

Неделата попладне и вечер, сообраќајната полиција во Велес извршила контрола, колку се почитува брзината на движење низ населено место. Таа патем е ограничена на 40 км на час. Во кусото соопштение, нема  детали со која брзина возачите, кои се казнети,  ги управувале возилата.


На 3-ти јануари  во периодот од 12 до 20  часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 15 прекрцоци  во Велес а во Кавадарци 16 и 10 во Неготино - соопшти Верољуб Додевски, портпарол  на СВР Велес.

Во истиот период акциска контрола била спроведена и во Струмица каде  50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Сообраќајна контрола имало и на подрачјето на СВР Охрид. Во Охрид имало 30 констатирано прекршоци, во Струга 12, во Кичево 4  и во Дебар 16.

На подрачјето на СВР Тетово имало контроли во Тетово каде се констатирани 101 прекршок и 19 на подрчјето на Гостивар. 

Во Скопје во сообраќајна акција во неделата биле констатирани 78 прекршоци на брзо возењсе, над дозволената брзина. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати