Нема плата со месеци и најавата за продажба на Колска ги истераа на Железничка вработените

Петар Печков

Стотина вработени од фабриката за шински возила ,,Колска,, по неколкумесечна пауза повторно  ја блокираа  Железничката станица во Велес.  Два часа утрово од 7 до 9 ч. беа таму за кој период беше сопрен  патничкиот воз од Скопје за Битола, кој поради штрајкот доцнеше 90 минути.

Причината за најавената блокада  работниците ја посочуваат во доцнењето на платите и тоа со месеци. Но и за  новоста која неодамна им била соопштена дека ,,Колска,, ќе се продава,,

Немаме плата за сите месеци од оваа 2018-та година, како и за септември и октомври лани. Пред еден месец имавме средба со вицепремиерот Анѓушев  на која беа и директорот на МЖ Транспорт и директорот на ,,Колска,,. Анѓушев кажа дека до продажба на фабриката МЖ Транспорт е должна да ги исплатува платите. За тоа е обезбедена работа 34 товарни вагони и еден патнички вагон треба да поправиме.  Досега сработивме 15 товарни вагони и патничкиот е при крај. Од оваа средба досега имаме добиено само половина плата.  На овој состанок слушнавме дека Колска ќе оди на продажба иако ние баравме да се припоиме  кон МЖ, за што ни беше и ветено - рече Слободан Димитриевски претседател на  синдикатот во Фабриката за шински возила ,,Колска,,. 

Со години, од 1996-тата започна агонијата на ,,Колска,, откако таа  беше идзвоена од МЖ. Во неа работат околу 120 вработени. Имаше неколку обиди за продажба на фабриката, која е единствена од таков вид во земајва  специјализирана за поправка на железнички вагони, но беа безуспешни, никој не се јавуваше на огласот. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати