ОФС Beлec и ФФМ со донaција за Спортскaта академија од Велес

Петар Печков

Општинскиот фудбалски сојуз донираше фудбалски топки и  маркерии за учениците од Спортската академија во Велес. Тие ќе ги користат сите ученици од прва од четврта година. Учениците од прва година, 14 на број  добија и комплет спортска опрема.

„Со помош на  ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ обезебдени се десет професионални фудбалски топки, со кои игра македонската фудбалска репрезентација, 30 маркери и комплетна спортска опрема за учениците од прва година на спортската академија. Тука сме да го помагаме фудбалот во градот и како  и неговата иднина, учениците кои посетуваат настава за фудбал  во Академијата во Велес“ – кажа Трајче Шопов, претседател на  ОФС Велес.

На Спортската академија која работи во велешката Гимназија, настава во четирите години посетуваат 60-тина ученици, не само од Велес, туку и од Кавадарци, Неготино, Росоман, Градско, Лозово, Чашка. Меѓу нив им и девојки.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати