Петар Печков
Објавено: вторник, 13 мај 2025
Одбојкарите на ОК Борец победија во заостанат натпревар од четврото коло во лигата на ОФМ. Тие во салата на ОУ Блаже Конески славеа со 2:0 (16, 20). Над екипата на ОК Прилеп. Голем придонес за победата имал Златко Жабев со неговите смечеви. По ова четврто коло велешките одбојкарски ветерани имат две победи и еден пораз, едно коло беа слободни. Следниот турнир е во Велес на 25 мај.
Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ ги завршија натпреварите од Првата лига со еден пораз во последните две кола, кои се играа викендов во Скопје. Велешани беа поразени од составот на ППК Куманово со 4:1, екипа која беше 5-то пласирана со 8 победи. Следното коло ППК Борец ТИМ беше слободен. Со озва завршија натпреварите од Првата лига, велешани се 8-ми од 9 екипи, 10-тата се откажа а пред една сезона играа за пласман во Супер лигата.