Падна дел од зградата и кровот на Работнички универзитет (фото)

Петар Печков

Падна дел до зградата на Работничкиот универзитет во Велес. Настанот според сведоците се случи попладнево околу 16 часот, кога се слушнал голем тресок. Нема информации дека има повредено лица.

„Бев на Мало мовче кога околу 16ч. се слушна голем тресок, нешто е сруши. Кога пријдов видов дека падна дел од зграда на поранешниот Работнички универзитет,  неколку училници како и дел од кровот“- вели сведок на настанот. 

видето можете да го погледнете тука

На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, говорејќи за отстранувањето на старата зграда на театарот, градоначалникот Марко Колев изрази стравување дека може нешто да се случи со зградата на Работнички Универзитет.  

„Бев да видам како се изведуваат работите на дислокација на главниот колектор кој мине под пазарот. Бев фрапиран од ископаноста на земјата, на објектот, куќата која е срушена на ќошето и се молам да не се сруши Работнички универзитет, чија зграда е до него. Таму има издадено одобрение за градба. Работевме, се вадеше вода, за да не се поткопа Работнички универзитет“- кажа Колев.  

Зградата на Работничкиот универзитет е стара потекнува од пред Втора светска војна, а во времето на војната, во него бил штабот на германската војска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати