Пакети подароци за децата и учениците со посебни потреби

Петар Печков

Учениците од Посебното Основно училиште Маца Овчарова и Дневниот центар за деца со посебни потреби од Велес добија пакети подароци со производи од компанијата ,,Подравка,, од Хрватска. Тоа е донација на  женското граѓанско  здружение Кулинарика а подароци во облека доставила и невладината организација Анѓелчиња од Скопје.

Здружението Кулинарика опстојува во неколку Балкански држави и преку дружење  ја промовираат кујната од овие простори а преку химанитарни акции помагаат на поединци на кои и е потребна помош. Досега вавка помош доставена е во Битола, Kавадарци а слични акции биле организирани и во Хрватска и Србија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати