Петар Печков
Објавено: вторник, 04 март 2025
Футсал екипата на КМФ Кеги моби во натпревар од 13 коло на Првата лига, го совлада тимот на КМФ Проект со 2:4. Средбата се играше во салата Гемиџии. Домаќинот КМФ Проект е четврто пласиран тим, додека велешани пред оваа победа беа последни а со овие три бода се искачија на 9-тото место со 11 бода, фенерот му го предадоа на КМФ Железарец кој има 9 бода. Во следното коло во Велес гостува тимот на КМФ Јувентус серав, кој е 6-ти со 17 бода.
Во Втората фудбалска лига се одигра вонредното 19 коло а ФК Борец дома победи со 2.1 против тимот на ФК Каменица САСА, кој беше петто пласиран. Гостите поведоа во 8 минута, велешани израмнија во 43 минута. ФК Борец во водство стигна во 63 минута. Тоа беше и конечниот резултат, со кој ФК Борец стинга довтора победа и 10 бода, но и натаму е претпоследен 15. Следното коло дерби на дното, гостува во Богданци на последно пласираниот ФК Вардарски, кој има една победа и 5 бода.