Полицијата осомничи велешанец за компјутерска измама

Петар Печков

МВР информираше  дека  кај велешанец пронашла предмети кои се дел од компјутерски криминал. 

По претходно обезбедени судски наредби за претрес поради сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изврши претреси на објекти во кои престојува Т.А.(35) од Велес, и тоа на ул.„23 Октомври“ во Скопје и на ул.„ Орце Мартинов“ во Велес. При претресите пронајдени се предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело и тоа два GSM gateway уреди, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox уред, 38 сим картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките. Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама- пишува во соопштението. 

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика преземал дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и сим картички биле користени и за други нелегални активности.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати