Петар Печков
Објавено: петок, 13 декември 2024
Понеделник вечер, 20ч. на сцената на велешки театар гостува Драмскиот театар „Сава Огњанов“ од Русе, Бугарија. Актерите ќе ја одиграат претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, адаптација од Сајмон Стивенс на делото од популарниот истоимен роман на Марк Хадон од 2003 година. Драматург и режисер е Бојан Иванов.
Приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Френсис Бун, математички гениј, кој има неспецифично нарушување од аутистичен спектар. Кристофер треба да разреши мистерија, кога е убиено соседското куче. Главниот јунак Кристофер е осомничен, па условно ослободен. Сакајќи да открие кој го убил Велингтон и одејќи спротивно на желбите и заповедите на татко му, Кристофер започнува истрага за убиството на кучето, запишувајќи ги своите постапки и сознанија во книга. Кристофер има синдром на Аспагер , синдром кој припаѓа на семејствотo аутистични нарушувања и никогаш претходно самиот не отишол подалеку од крајот на улицата, но детективската работа го носи во опасно патување кое го распаѓа целиот негов дотогаш познат свет.
За текстот е обезбеден титл на македонски јазик.