Поп Арсова и Дарио Ивановски победници на трката од 14 км во Лозово

Петар Печков

На полумаратонот во Лозово, на патека долга нешто повеќе од 14км. победи за македонските маратонци.

Адријана Поп Аросва и Дарио Ивановски беа најбрзи на трката одржана на 11 октомври во Лозово. Кај машките второ место за  Александар Арсов од Штип, а трет беше  Жан Тосев од Струмица.

Во женска конкуренција  втора беше  Билјана Ристиќ, а трета Ирма Хајдари.

За овој пласман тие од организатарот Општина Лозово беа наградени за  прво место со 12.000 денари, за второ  место 8.000 денари   и за трето место 6.000,00 денари. Пехарите и паричните  чекови им ги врачи градоначалникот Бошко Цветковски.  На тркта учествуваа околу 50 учесници, кои трчаа со старт од Лозово, преку  Милино, Каратманово, Дорфулија и целта беше во Лозово.

Општина Лозово по трет пат, трета година по ред   ја организира оваа трка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати