Пораз за кошаркарите на КК Борец баскет во дербито од КК Маџари

Петар Печков

Со пораз кошаркарите на КК Борец баскет го завршија есенскиот дел од Втората лига. Тие загубија во дербито во Скопје од составот на КК Маџари со 81:65, иако во финишот на третата четвртина домаќините водеа со само еден поен 53:52 а првото полувреме КК Борец баскет го  заврши со предност на велешани со 40:41. Така по ова 11 коло, КК Борец баскет има 19 бода и е во групата со уште две екипи КК Црн Дрим Струга и КК Маџари, кои имаат ист скор од 8 победи и 3 порази. Првенството продолжува во февруари.

Екипата на КК Кеги моби е елиминирана Купот,  од КК Балкан во Скопје по изведување на пенали, откако натпреварот во 1/8 заврши без победник 4:4. Противникот на велешани во осминафиналето беше  второлигаш и ова беше нивен трет настап во Купот и елиминираа претходно две екипи членови на Втората лига.

 Со овие настапи, заврши спортската 2024 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати