Потрошувачката на вода во велешко се искачи до 260 лит. сек

Петар Печков

Дневната потрошувачка на вода од градскиот водовод во велешко стигна до 260 л/сек. Тоа е максимална вредност забележана деновиве, кога градот е под вршник. Температурата според УХМР се движи над 40 степени Целзиусови и Велес со Демир Капија и Валандово е меѓу најтоплите градови во земјава. Во саботата на 22 јули во 15ч. измерени беа +41,2 степени.

„Деновиве просечната потрошувачка на вода изнесува 230л/сек, а максималната и до 260л/сек. Во месец јуни просечната потрошувачка на вода изнесуваше 180л/сек“- информираа од ЈКП Дервен.

Од таму ги потсетуваат потрошувачите за  порационално и наменско користење на водата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати