Резлутите на велешките екипи од спортскиот викенд

Петар Печков

Реми и пораз за двете велешки екипи во Првата футсал лига. КМФ Кеги моби одигра нерешено 2:2 во Штип против екипата на КМФ Мал Ајакс, додека КМФ Велес загуби во Чаир  од екипата на  КМФ Арбен Бајрами со 8:4. Ова беа натпреври од второто коло.
 
Фудбалерките на Борец се поразени дома со 0:4 од второпласираната екипа на ФК АС Јунајтед од Струга. Ова беше натпревар од 11-то коло во кое гостинките лесно стигнаа од трите бода. По ова кола ФК Борец останува на 11-тото место, со седум бода. Во следното, веќе в среда велешанки гостуваат во Тетово на екипата на ФК Речица која е шеста со 17 бода.

Во петтото коло од Прваа одбојкарска лига, на домашен терен во салата Гемиџии, ГОК Борец загуби со максимални 0:3 (15, 21, 15) против лидерот  ОК Струмица Џио. Резултатот е очекуван бидејќи гостите има состав со тројца репрезентативци. По овој пораз велешани паднаа на петто место со три победи и два порази. И следното коло велешани имаат тешко гостување против екипата на ОК Шкендија во Тетово, која има само еден пораз.

Започнаа натпреварите од Втората кошаркарска лига.  Во првиот натпревар, игран во салата Гемиџии КК Борец Баскет  славеше над  МКК Куманово 95:76. Во следното коло екипата гостува во Струмица на екипата на КК Ролинг.

Во Третата фудбалска лига Југ, каде настапуваат три екипи од ОФС Велес, тие забележаа победа, реми и пораз. Победи ФК Локомотива во Градско, дома против фенерџијата  ФК Габер со 3:0, ФК  Илинден во Башино село играше без победник 2:2 со екипата на ФК Младост од Удово  кој е трето пласиран а ФК Превалец загуби со 0:1 од 11-тиот на табелата, од екипата на  ФК Обршани во истоименото прилепско село. По ова петти коло ФК Превалец е највисоко пласиран петти со девет бода, едно место пониско - шеста е ФК Локомотива од Градско со исто така девет бода, а ФК Илинден БС е 13-ти со четири бода. Во следното коло ФК Превалец игра дома со екипта на ФК Големо Коњари која досега нема освоено ниту бод  , ФК Локомотива гостува во Крушево на 11-то пласираниот ФК Питу Гули а ФК Илинден БС игра со лидерот ФК Напредок во прилепско Крушеане.

Во петтото коло од Третата фудбалска лига Исток, ФК Работник до Лозово загуби во Берово  со високи 8:0 од екипата на ФК Малеш која е втора на табелата. По ова коло ФК Работник е 10-ти со четири бода од 12 екипи а следното коло игра дома во Лозово со екипата на ФК Карбинци која е 11-та со само еден бод .

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати