Триесетина велешки семејства ќе добијат субвенционирани енергетски ефикасни тела

Петар Печков

Откако државата ги заобиколи велешани, не се меѓу градовите каде ќе се субвенционира греењето на инвентори, Советот на Општина Велес донесе  одлука за субвенција  за набавка од страна на граѓаните  на енергетско ефикасни грејни тела - инвертери и печки на пелети.  Одлуката се донесе едногласно.

Со неа  едно семејство ќе може да добие најмногу до 15 илјади денари  а финансиските средства се  обезбедени од Буџетот на Општина Велес,  во вкупна вредност од половина милион денари. 

Дел од велешани се греат на енергенси кои влијаат на загаденоста аа воздухот. Поради тоа и состојба со квалитетот на воздухот во градот секоја зима е лош. Можеби сумата што е годинава е одделена е мала, но претставува повеќе од нула колку што години наназад се потрошени  - образложи Весна Стојанова Богоевска, во името на предлагачот, советничката група на СДСМ. 

На ова реагираше Петре  Саздов од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара повеќе средства за реализација на одлуката.

За почеток може да се пренаменат  средствата од  Јавните претпријатија на локално ниво, кои прават загуби,  што трошат пари за ништо, тие пари да одат за субвенционирање на набавка на грејни тела. Оваа иницијатива да не биде  популистичка, половина милион денари се малце за нејзина реализација, тоа се инвертори или печки на пелети, толку семејства ќе ги искористат - рече Саздов. 

На ова реплицираше Стојанова Богоевска, која кажа дека максимално ќе може да ги користат, не 15-тина туку двојно повеќе, до 34 велешки семејства. 

Според усвоениот правилник предност ќе имаат семејствата со невработен(и) родител(и), корисници на социјална помош, семејства со член од маргинализирана група, инвалидизирано или хендикепирано лице, како и самохран родител.

Повикот за аплицирање ќе биде по пат на јавен повик, кој ќе заврши на 25 октомври годинава.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

  • ги помнам само убавите моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар/а сум за една година
  • имаше и убави и лоши работи
  • како и секоја друга
Резултати