Филмот Битлџус, битлџус со светската премиера се прикажува и во Велес

Петар Печков

Премиерно во светот и во Велес, хорор комeдијaта „Битлџус, битлџус“. Легендарниот дух Битлџус се враќа. Ова е продолжение на комедијата Beetlejuice од 1988 година, за дух кој е регрутиран да помогне да прогонува куќа. По семејна трагедија, три генерации од семејството Диц се враќаат дома во Винтер Ривер. Сè уште опседната од Beetlejuice, животот на Лидија се превртува наопаку кога нејзината ќерка тинејџерка, Астрид, случајно го отвора порталот за задгробниот живот.
Втора премиера е анимираниот „Панда во Африка“. Млада авантуристичка панда патува од Кина во Африка за да го спаси својот најдобар пријател, змејот Џилонг, кој е киднапиран. На своето патување тој открива чуден неверојатен нов свет на планини, пустини и џунгли.

Романтичната драма, „Ова завршува со нас“ која имаше голема гледаност во светот изминатиот викенд беше петти филм по посетеност, четврта  седмица е на репертоарот на 3Д киноверзум Велес. Работен според истоимениот роман, кој имаше голем успех кај читателите, снимен е филмот.  „Ова завршува со нас“, првиот роман на Колин Хувер адаптиран за големиот екран, ја раскажува трогателната приказна за Лили Блум (Блејк Лајвли), жена што го надминала своето трауматично детство за да почне нов живот во Бостон и да го брка својот животен сон да отвори сопствен бизнис.  Случајна средба со шармантниот неврохирург Рајл Кинкејд (Џастин Балдони) запалува интензивна поврзаност, но додека тие се вљубуваат еден во друг, Лили почнува да гледа работи кај Рајл што ја потсетуваат на односот на нејзините родители. Кога првата љубов на Лили, Атлас Кориган, (Брендон Скленар) наеднаш ѝ се враќа во животот, нејзината врска со Рајл се напнува и Лили сфаќа дека треба да се потпре на сопствените сили за да донесе една невозможна одлука за иднината.

Најгледаниoт филм во светoт трета седмица по ред, е за  акциските јунаци Дедпул и Вулверин, во истоимениот филм на Марвел,  голем летен хит. Двајцата супер херои  се здружуваат за да го победат заедничкиот непријател.  Незаборавна акција, смеа и адреналин во друштво на омилените херои.

На репертоарот четврти  месец е „Опако, наопаку“ анимиран филм кој прв во 2024 заработи повеќе од милијарда долари.  „Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати