Филмот на Димитровска Бобевска на два руски фестивали

Петар Печков

 Со нова монтажа на филмот, промени, нова верзија која за авторката е поуспешна   играно- документарниот филм ,, Пресвета Богородице спаси не,, ќе биде прикажан на два натпреварувачки фестивали во Русија.

Фестивал во Чебоксар на мали земји  во Чувашка  автономна република во Русија а вториот фестивал е ,,Златен витез,,  се одржува во Томск во Западен Сибир. Филмот на  двата фестивали се бори за награда, едниот е за играни вториот  е за документарни.

Ова се големи фестивали и самото учество на истите е од огромно значење. Филмот „ Пресвета Богородице Спаси не“ е во монолошка форма и зборува за мајката Божја, за нејзиниот лик и дело, нејзината мисија пред и по раѓањето на Синот Божји како и нејзината мисија по неговата смрт. Ова е од големо значење за нашата православна црква затоа што ќе бидеме рамо до рамо со другите православни цркви  - најави актерката Весна  Бобевска, која е режисер на овој филм. 

Во него настапуваат и  Милица Стојанова, Ѓорги Бисерков Дампе. Премиера на филмот на Димитровска се случи пред две години на 17-то издание на рускиот меѓународен фестивал „Радонеш“ во Москва.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати