Хит комедии на програмата на театарскиот фестивал „5ре“

Петар Печков

Публиката од четврток 19 мај до  28-ми  мај  ќе може да  види претстави кои се гледани и играни  и за кои се бара билет повеќе. На програмата се шест претстави, една стенд ап и две  детски.

На 19-ми е  „Слуга на двајца господари“ на велешки театар, на 20-ти  „Странци“ на Драмски театар,  на 21 мај сабота „Да инспекторе“ на  Прилепски театар,  на 25 мај среда  „Вардарски пастуви“ на  Театар Комедија, на  26 мај „Пасивно пушење“ на  Штипски театар, петок на 27 мај  „Не се клади на енглези“ на  МНТ и  сабота 28 мај е Stand Up со Тино и Атанас која ќе се изведе под отворено во Младински парк, доколку временските услови дозволат.

Детските претстави во придружна програма се  „Чунгалунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ на штипски театар  на 26 мај четврток и „Супербајкастично“ на  Театарот за деца и младинци на 28 мај сабота.

Почетокот на претставите кои се во вечерната програма е 20 часот а цената на билетот е  200 денари, додека почетокот на детските претстави е 13ч. и тие се бесплатни. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати