Пензионерите пеат

Петар Печков

Пензионерите од  девет друштва се претставија пред велешани, во полната сала ,,Бели мугри,,. Тие пееја стари македонски народни и изворни песни, но и нови обнародени. На задоволство на публиката се слушнаа многу познати македонски бисери, исполнети од грлата на највозрасната популација.  

Ова е можност да излеземе од дома, да заборавиме на домашните обврски, за стекнеме нови пријателства, да покажеме што знаеме. Во натпревар со другите пеачки друштва да слушнеме кој подобро пее - вели пензионерка од Велес.

На Регионалните пеачки  натпревари на пензионерите учествуваа  друштва од Валандово, Неготино,  Битола, Гевгелија, Богданци, домаќинот  Велес и по две од Прилеп,  Кавадарци. Со песна, музика  пензионерските денови минуваат полесно, исполнето и весело.  

Дванаесет години постои нашето пензионерски пеачко друштво, а од годинава имаме и фолклорна играорна  група. Така сега имаме културно уметничко друштво.   Секој се наоѓа каде може да се покаже и докаже  - рече Фруска Костадиновска од Кавадарци.

Од овој град имаше две пензионерски друштва, второто беше на инвалидските пензионери.   Пеачките групи исполнија грст македонски песни, препознатливи за градот од каде доаѓаат. 

Дружењето е тоа што најмногу им недостига  на пензионерите.  А лекот е и смеата, затоа велам дека оваа манифестација е Пензионерите пеат а гледачите во салата се смеат. Таа ни го подмладува духот и ни ја враќа насмевката - вели организаторот Веле Алексовски, претседател на Здружението на пензионери од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати