Понеделник премиера на ,,Сомнително лице,, во велешки театар

Петар Печков

Понеделник вечер на сцената на велешки театар ќе биде изведена премиерата на претставата ,,Сомнително лице,, од Бранислав Нушиќ  а во режија на Венцислав Ристов. Ова е претстава од годинашната програма финансирана од Министерството за култура. Таа досега е играна четири пати на сцената на велешки театар  1950, 1955, 1984 и 2005 и ова е петто нејзино претставување, што е реткост за историја на еден театар да се прикажува по петти пат.  

Режисерот прави осовременување на текстот со адаптирана сегашност. Основата на приказната останува иста.  Останува жестока  сатира на чиновништвото и бирократските процедури, кога малите луѓе се малтретирани - кажа в.д. директорот Александар Ивановски.   

Сценографијата е  на Весна Богоевска, костимите на  Невенка Тодоровска и музиката   на Сашко Костов. Настапуваат: Младен Крстевски, Кети Борисовска, Талија Настова, Васил Зафирчев, Ѓорги Тодоровски-Трупче, Драган Миладиновски, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски, Александар Ѓеоргиев, Мане Ташев и Кире Ацевски.

До крајот на годинава ќе биде поставена и детска пригодна претстава. За годинава беше поддржана и претставата ,, Ревизор,, од Гогољ во режија на Јани Бојаџи, но поради доцнење на термините, таа нема да се прикаже бидејќи воопшто не се почнати подготовките. Ивановски тоа го прецизираше како ,,процедурални,, грешки  но додаде правеле напори одобрените средства за  претставата ,,Ревизор,,  да се искористеле и таа да се одигра на почетокот од следната година.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати