Се обновија Спомен куќите на Петар Поп Арсов и Коле Неделковски

Петар Печков

Заврши санацијата и се реновираа Спомен куќите на Петар Поп Арсов  во Богомила и  на Коле Неделковски во селото Војница.  Повеќе од две децении откако постојат, овие две куќи  примале гости  па годините  и времето влијаеле врз нивната состојба, по што за прв пат се изврши нивна реконструкција. Така гостите кои ги посетуваат  имаат подобри услови за разгледување на поставките.

  И двата објекти се стари по стотина години и се значајни како градба и архитектура поради што се заштитени од државата. Првата куќа била своевремено училиште каде се школувал поетот Коле Неделковски (1912-1941) и се наоѓа во село Војница, бидејќи неговата родна куќа одамна е срушена. Другата куќа е таа во која  се родил  и живеел револуционерот и еден од основачите на Македонската Револуционерна Организација   Петар Поп Арсов ( 1868- 1941) во селото Богомила.

Состојбата со спомен куќата на Коле Неделковски беше  лоша оти  беше оштетен кровот и скалилата кои водат до неа, поради што постоеше опасност од нејзино рушење и по безбедноста за посетителите. Ова беше важно да се стори и заради зачувување на музејската постапка која е внатре и можеше да се оштети.  Куќата на Петар Поп Арсов поради пукање на водоводната инсталација зимава е оштетена во една од просториите. Затоа беше потребна интервенција во објектот. Со преземените работи и двете Спомен куќи сега се заштитени на подолг период  – вели Марин Клифов виш кустос во  историското одделение  при Народниот Музеј во Велес.

Оваа санација беше извршена со средства од Министерството за култура, и е прва од формирањето на спомен куќите, оти  досега не е интервенирано на нив. На куќата на Неделковски беше реновирана кровната конструкција, пристапните скалила, се  белеа  просториите и  се промени на стаклото на сите прозори.

Таа подготвена за 16-ти декември кога треба да  се обележи 100 годишнината на раѓањето на поетот  Коле Неделковски. Санирана е и куќата на Петар Поп Арсов, но од Народниот музеј очекуваат дека општина Чашка ќе го реши проблемот со водоводната инсталација која е  од соседството и е во нивна надлежност, за да не се   случи повторно да се оштети собата. Поставката на Коле Неделковски е отворена во 1982-тата година додека таа на Петар Поп Арсов во 1986-тата година. И двете куќи се посетени од различна  популација  која доаѓа од цела Македонија, таа на поетот од ученици, додека на Поп Арсов од пензионери.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати