Водата од чешмата во Башино Село е исправна за пиење

Петар Печков

Водата од природната чешма, која е лоцирана среде Башино Село е исправна и може да се користи за пиење. Оваа информација ја соопштија до Центарот за Јавно здравје Велес, откако претходно истата имаше променлив квалитет. Дури летово во еден период беше забранета за пиење.

„Според испитуваните параметри, примерокот на вода, одговора на Правилникот за барање за безбедност на водата за пиење. Таа може да се користи за пиење“’ -соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.

Промените на квалитетот на водата за пиење од чешмата во Башино Село, се толкува на сушниот период во лето и намалениот капацитет на вода. Или дека извориштето е подлежно на некакви надворешни влијанија и водата има непостојан квалитет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати