Велешка болница купи апарат акцес2, со кој се врши пренатален скрининг

Петар Печков

Велешката болница набави нов апарат акцес 2, намeнет за контрола на бременоста кај жените. Со него се овозможува пренатален скрининг, за прв пат во оваа здравствена установа. Новина во работата на гинеколошко-акушерското одделение.

Значењето на контролата на плодот, на бременоста на жената, резултатите од овој апарат се од големо значење, кажа гинекологот д-р Силвија Богоевска.

 „Пренаталниот скрининг им овозможува на сите бремени жени на било која возраст да дознаат за здравјето на нивното неродено бебе. Тоа без било каков ризик и болка. Резултатите од тестот ни даваат информации за состојбата на трудницата и нејзиното бебе. Важни за пренаталниот скрининг се возраста на мајката –над 35 години, преваленца –абнормалност во нејзината фамилија и лабараторски резултати кои остстапуваат од референтните вредности кај мајката во различни периоди на бременоста на мајката. Имаме специфични мерења на фетусот со ултра звук, што го работат  матичните гинеколози. Ризик фактори се дијабетес тип 1 и пушењето, како и бременост извршена со  инвитро фертилизација. Скринингот пресметува индивидуален ризик кај бремената жена, за појава на хромозонски абнормалности кај фетустот. И тоа за трисомија 21  -Даунов синдром, трисомија 18- Едвард синдром, трисомија 13 – Патау синдром, како и опен спида бифида и СЛОС синдром. Овој тест се прави во прв триместар 10-14 недела на бременост и во втор триместар  од 15 до 21 недела. Овој тест октрива повеќе малформации, како рана дијагноза на преекламсија –повишен притисок кај бремените жени. Тој е единствено решение кај бременоста со близнаци со издвојување на ризици на фетус А и фетус Б “ кажа  Богоевска.

Тестовите се  брзи, едноставни,  корисни за мајката и плодот,  високо специфични, се зема крв од вена.

„За прв пат во нашата болница се воведува пренатален скрининг. Досега тоа трудниците го правеа во Скопје или во приватни  лабаратории. Се работи за бесплатен тест кај сите трудници, преку упат од матичен гинеколог. Целта е да се унапреди здравствената грижа на трудниците и нивните бебиња, без непотребни патувања. Целта е рано откривање на хромозомски трисомии. Техниката за овој тест е следна. Трудницата оди кај нејзиниот матичен избран гинеколог, кој прави ехо преглед, по што доаѓа во лабараторија на Општа болница Велес. Врз основа на ехо наодот и лабараториските резултати, со  бенетеш софтвер, се изработува ризикот од претходно кажаните синдроми. Резултатите пациентката ги добива следниот ден кај својот матичен гинеколог. Овој скриниг го овозможува новонабавениот апарат акцес2, со кој го извршуваме биохемискиот дел од скринингот“ – рече д-р Васил Тодоров специјалист по медицинска биохемија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати