Пешачење до Вршник, поставени се и едукативни табли (фото)

Петар Печков

Пешачка тура од Трговскиот до Вршник, беше организирани вчера, недела по повод  Европската недела на мобилност.  На иста за жал беа присутни само извидниците од ИО „Димитар Влахов“, додека заинтересирани граѓани немало. Пешачењето беше под мотото „Да создаваме иднина“.

„Во рамките на овој хајк извидниците од велешкиот извиднички одред   на патеката од месноста Камено брдо до Вршник поставија и едукативни еколошки таблички за зачувување на животната средина“ - информира Ангелче Гушев, началник на ИО Димитар Влахов.

Оваа активност е дел од седумдневните настани со кои Општина Велес годинава ја одбележува Европската недела на мобилност 2022, која ќе биде заокружена на 22 септември четврток, со реализација на завршниот настан кога ќе се одбележи Денот без автомобили.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати