25 Јубилејни средби на извидници

Петар Печков

На овие средби учество земаа 120 извидници од следните извиднички одреди: ИПО Јадран, ИО ММ Брицо, ИПО Галеб и ОИ “Браќа Миладиновци“ од Скопје, ИО “Мирко Милески“ од Кичево,  ИО “Скаут“ Куманово, ИО “Наум Наумовски - Борче“ од Крива Паланка и гости од Република Србија и извидници од одредот домаќин. 

На средбите првото место го освои патролата на извидничко-поречанскиот одред “Јадран“, а второто и трето место им припадна на патролите од извидничкиот одред “Мирко Милески“ од Кичево. Овие средби за прв пат се организираа со друга тематика, ја исфрламе ориентацијата и топографијата, а го внесовме дружењето и играта како метод на работа во традиционалниот скаутизам.... 

Сакаме да истакнеме дека во периодот од 1975 до оваа 2010 година, успеавме да организираме 25 Средби на извидници, а кои што последните десет беа од меѓународен карактер. 25 Средби беа организирани со финасиска поддршка од страна на  Општина Велес и добиени донации локалниот бизнис сектор од Општина Чашка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати