Петар Печков
Објавено: среда, 20 мај 2026
Учениците и наставниот кадар од средното училиште „Димитрија Чуповски“ на денешниот отворен ден ги претставија можностите за средно насочено образование. На повеќе штандови и со забава гостите , учениците од завршните деветто одделение, беа запознаени со тоа што го нуди ова средно училиште.
„На овој настан ги претставуваме сите наши капацитети и сите можности кои ги нудиме за идните средношколци, за средно стручно образование. Им помагаме да го направат нивниот избор, да видат со што располага нашето училиште, кои ни се капацитетите. Или се што им нудат профилите кои се запишуваат оваа учебна година“ - кажа Горан Јанков, директор на училиштето.
Во „Димитрија Чуповски“ поради понудата од медицински и козметички струки, учат ученици од Повардарието, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Дојран, Валандово.
На денешниот отворен ден дојдоа ученици од деветти одделенија од сите основни училишта во Велес, но и од соседните Градско, Лозово, Чашка.
