Петар Печков
Објавено: вторник, 01 септември 2026
На првиот училиштен ден во ДСУ РЦ Коле Неделковски во Велес, беше министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа на учениците од првата смена, прва и трета година им посака среќа во учењето и наставата.
Министерката порача дека нема мала или голема професија, има професионалност, знаење и посветеност. На една модерна економија ѝ се потребни и инженери и техничари, и програмери и автомеханичари, и електричари и механичари, и мајстори и претприемачи.
„Најважно е знаењето што ќе го стекнете, не оценките. Свесни сме дека живееме во време кога АИ е присутна меѓу нас. Иако постојат многу алатки кои го олеснуваат животот, најважен е човекот и учениците.. Бидете љубопитни, учете, осознавајте.. Сето тоа што ќе го научите да се употреби кај нас во Македонија. Има интерес за заминување во Германија, Словенија, но еве мојот пример кога 20 години бев надвор до државата и се вратив. Отидете видете како функционира, но знаењето да се имплементира дома“ – им порача на учениците Божиновска.
Посетата на ДСУ РЦ Коле Неделковски била откако таа ги посетила специјализраните факултети и некои сродни средни училишта, па одлучила да го посети и ова школо.
„За нас најважно е кадарот да остане тука во Македонија, во тукашните фирми. Ова училиште има дуални паралелки, има одлични струки. Наше е да помогнеме кои државни фирми немаат потпишано меморандум за соработка со ова училиште . И како таа да се унапреди“ – дополни Божиновска.
Средното државно училиште Коле Неделковски од Велес има околу 980 ученици.
