39 во сенка понеделник 16 август

Петар Печков

Највисоката измерена температура во Велес изнесува 43,5 степени целзиусови, измерена на 22 август 1952 година. Средната годишна температура е 13,5, најстуден месец е јануари со 1,8 а најтопол е јули со 24,4 степени. Велес се наоѓа во подрачје со модифицирана медитеранска клима.

Просечно врнежи  во градот има 427 мм воден талог, 92% се од дожд. Сушни месеци во Велес се: јануари, февруари, април, јуни, јули, август, септември, најсушен е август а најврнежлив ноември пред: март, мај, октомври, декември.

Во однос на ветровите најзастапен е северниот кој дува со средна годишна брзина од 2,7 м/сек и северозападниот со брзина од 2.9 м/сек. Ова се податоците од Хидрометеролошкиот завод на Р.Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати