Mеѓународна конференција за храна и иновативни технологии на Технолошко-технички факултет Велес

Петар Печков

Технолошко-технички факултет Велес при  Универзитетот“ Св.Климент Охридски" од Битола, беше домаќин и организатор на  првата меѓународна научна конференција од областа на науката за храна, нутриционизам, иновативни технологии и одржливост.

На Конференцијата повеќе од  стотина научници, експерти и практичари од 11 земји, со цел размена на знаења, идеи и решенија за предизвиците во современата исхрана и прехранбената индустрија.

Свои воведни обраќања имаа претставници од Организациониот одбор: вонр. проф. д-р Везирка Јанкулоска, декан на ТТФ - Велес, проф. д-р Весна Антоска Книгхтс, продекан за наука и меѓународна соработка, вонр. проф. д-р Александар Станковиќ, продекан за наука и меѓународна соработка на Факултетот за применети науки од Ниш, Србија. Како поканети предавачи се обратија: проф. д-р Јасенка Гајдош Кљусуриќ, Прехранбено-биотехнолошкиот факултет, Загреб, Хрватска, проф. д-р Гокхан Дурмаз, Инону Универзитет, Малатија, Турција, кои говореа за современи техники и методи за развој и одржлива трансформација на храната и исхраната.

Конференцијата се одржа во повеќе тематски сесии -наука за храна, функционална и нова храна, иновативни технологии и продукти, нутриционизам и исхрана кај хронични болести, микробиолошка, хемиска и биохемиска анализа на храна, квалитет и безбедност на храна, моделирање и оптимизација во прехранбена технологија и нутриционизам, храна, одржливост и животна средина.

Од конференцијата е издадена е книга на апстракти, а во подготовка е и зборник на трудови. Презентираните трудови и дискусиите што произлегоа од конференцијата отворија нови хоризонти за истражување и соработка, со фокус на создавање поодржлив, побезбеден и поздрав прехранбен систем.

фото ФБ ТТФ Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати