Tрансформери уан премиерно во 3Д киноверзум Велес, заедно со Видови љубезност и биографскиот филм за измамата на групата Мили Ванили

Петар Печков

„Видови љубезност“ е  американски филм премиерно прикажана на КАН годинава, триделна  басна, која следи човек без избор кој се обидува да ја преземе контролата врз сопствениот живот; полицаец кој е вознемирен дека неговата сопруга која исчезнала на морето се вратила и изгледа како друга личност; и жена решена да најде некој конкретен со посебни способности, кој е предодреден да стане духовен водач. Настапуваат Ема Стоун, Џеси Племонс, Вилем Дефо, Маргарет Квали, Хонг Чау, Џо Алвин, Мамуду Ати и Хантер Шафер. 

Transformers One американски анимиран научно-фантастичен акционен филм. Го прикажува потеклото и раната врска на Оптимус Прајм и Мегатрон и како тие засекогаш ја промениле судбината на Сајбертрон, матичната планета на трансформаторите.




Tретата премеира е на германскиот  биографски филм Girl You Know It's True „Девојки знајте ја вистината“. Тоа е филм за една од најголемите измами во историјата на музиката.  Танчерите Пилатус и Морван се прославија во доцните 80-ти кои станаа ѕвезди со бр.1 хитови и освоија Греми. Дуото никогаш не испеа ниту збор во своите песни, а кога вистината беше откриена тоа беше  еден од најголемите скандали во музичката историја.

Филмот хорор комедијата „Битлџус, битлџус“ ги освои гледачите изминатиот викенд во светот, со рекордна гледаност. Легендарниот дух Битлџус се враќа. Ова е продолжение на комедијата Beetlejuice од 1988 година, за дух кој е регрутиран да помогне да прогонува куќа. По семејна трагедија, три генерации од семејството Диц се враќаат дома во Винтер Ривер. Сè уште опседната од Beetlejuice, животот на Лидија се превртува наопаку кога нејзината ќерка тинејџерка, Астрид, случајно го отвора порталот за задгробниот живот.

Анимираниот „Панда во Африка“. За млада авантуристичка панда која патува од Кина во Африка за да го спаси својот најдобар пријател, змејот Џилонг, кој е киднапиран. На своето патување тој открива чуден неверојатен нов свет на планини, пустини и џунгли.

Рускиoт цртан филм, „Кучиња во операта“ е синхронизиран на македонски. Комичната авантура сместена во Метрополитен операта на почетокот на 20 век нè запознава со уличното куче Самсон, кое обидувајќи се да се скрие од ловот на шинтерите, пристигнува во една од најпознатите оперски куќи во светот. Таму ја запознава Марго, куче кое е во сопственост на познатата примабалерина на театарот, Анастасија. Приказната се вжештува кога од соблекувалната ќе исчезне уникатната тијара која и припаѓа на британската кралица и која Анастасија мора да ја носи за време на четвртиот чин на балетот. За да не го откажат балетот, Самсон и Маргот мораат да го најдат крадецот и да го спасат денот предвиден за звуците на големиот Жорж Бизе.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати