Александар Пановски победи на натпревар на хармоника „Инструменти на моите предци“ (видео)

Петар Печков

Младиот велешанец Александар Пановски го освои првото место на државниот натпревар  „Инструментите на моите предци“ на хармоника, кој се одржа во Скопје, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.

Александар има 16 години и се натпреваруваше во оваа возрасна категорија,  каде имало 15 учесници.  Ова е второ учество на Александар, лани биле исто така прв , кога освоил 97 поени, годинава 96. На годинешниот натпревар  учествуваа вкупно 90 натпреварувачи.  Секој од нив настапи со по две изведби, од кој едната можете да ја проследите во ова видео.

Александар учи во школото за хармоника кај Војче Петрушевски, каде се негува и учи стилот на музицирање на сега покојниот маестро Милан Завков.

Иако негова голема љубов е хармоника, тој учи контрабас , како прв инструмент во средното музичко училиште Сергеј Михалов во Штип, каде е втора година.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати