Баскер фест и во Велес

Петар Печков

Познатиот уличен фестивал „Баскерфест" оваа година за прв пат ќе се одржи и во Велес и тоа  на 20 и 21 јуни (четврток и петок) во периодот од 19 – 24 часот во Младинскиот парк.

Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда. Баскер ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини!

Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест" е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат. Фестивалот и оваа година се одвива во организација на One Way, а под покровителство на Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати