Велешките студенти по туризам и угостителство ќе можат дел да учат и во некој европски универзитет

Петар Печков

Основен услов за пријавувањето за програмата е студентот да има македонско државјанство и во моментот на реализирање на мобилноста да е запишан најмалку на втора година до дипломски студии.

Според програмата, висината на стипендијата што ја обезбедува програмата „Еразмус“ изнесува 310 евра  месечно, додека патните трошоци и здравственото осигурување се на товар на кандидатите.

Оваа програма ќе овозможи студентите да престојуваат од три од 12 месеци на кој било  од универзитетите што ја поддржуваат програмата „Еразмус“ и тоа во Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

„Еразмус“ претставува програма за размена на студенти на Европската Унија воспоставена во 1987 година. Всушност, тоа е најзначајниот дел од т.н. „Европска програма за доживотно учење  2007–2013“  и е оперативна рамка за иницијативите на Европската комисија во областа на високото образование.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати