Велешкото јавно обвинителство доби нов прв човек

Петар Печков

Велешкото јавно обвинителство доби нов прв човек, тоа е Славица Темелковски која досега работеше во обвинителството во Велес.  Советот на јавни обвинители на неговата седница избра и три обвинители во обвинителството за организиран криминал.

Темелковски на велешката и македонската јавност и е позната од случајот со екс- владиката Вранишковски, кога таа и во двата предмети по кој Јован доби казна затвор, таа го бранеше обвинението. Таа стоеше и зад обвинението со кое Тамбурковски стана прв стечаен управник кој доби правосилна судска пресуда затвор. Од неодамна велешкото обвинителство е екипирано и со уште еден обвинител Анастасија Миланова, која дојде на ова место како стручен соработник во истата институција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати