Војниците и војните лица, против цивилите од градот

Петар Печков

Спортските  игри ги отвори и, командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Костовски, кој на учесниците  им посака убаво дружење преку спортот.

- Основната цел на проектот е  да се иницира и зголеми физичката активност  на сите припадници низ различни форми на спортски  активности достапни за секого без селекција и исклучок, развивајќи чувство и поголем елан за работа  како и иницирање на форми за создавање на култура за спортување кај сите, истакна Костовски.

Тој потенцира дека Воените спортови во нивното пошироко значење се извонреден промотор и поддржувач на концептот „Спорт за сите“ и поради тоа Меѓународниот Сојуз на Воени Спортови, го има формулирано проектот – Пријателство низ денот на спортот.

На натпреварите кои се од ревијален карактер во мал фудбал, кошарка, пинг понг и шах  земаа учество четири екипи  на Единиците на Командата за обука, како и  екипи на СВР Велес,  на Министерството за  одбрана- Подрачна единица од Велес, на Општина Велес и на Епархијата Повардарска

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати