Започна новата учебна година за осум илјади ученици во велешко

Петар Печков

 Во прво одделение во новата 2010/11 година во велешко се запишани 539 првачиња, најмногу во Васил Главинов 163, па во Блаже Конески 120. Во селските средини прво одделенци се запишани вкупно 96 од кои повеќе од половината ќе посетува настава на албански јазик 53.

Во прва година од средното образование запишани се 739 ученика, наспроти планираните 1054  слободни места.

Во Гимназијата Кочо Рацин, каде поради зголемениот број на паралелки учениците се судруваа со просторен проблем, немаше каде да ја следат наставата, годинава тоа е решено. Хемиското училиште ,,Димитрие Чупоски,, им отстапила две простории на Гимназијата Кочо Рацин, најстарата средношколска институција во земјава, , по што се создадени услови без проблеми гимназијалците  да ја следат наставата.

Немаше проблем ниту во албанските паралелки, кои сега се три на број, во Гимназијата, каде минатите години имаше штрајкови од различни причини.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати