Кавга со ножеви во кланица

Петар Печков

Според полицијата, инцидентот се случил на 25 август, во кланицата „Агрија“ во Велес. Дента настанала расправија меѓу Т.А.(21) и М.Б., двајцата вработени во кланицата. Додека се карале Т.А. го удрил колегата, но се лизнал наназад и обидувајќи се да се задржи, со ножот што го држел во раката случајно го пробол М.Б. во градите.

По инцидентот повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар во Велес и по дадената лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Велешката полиција против Т.А. поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати