Кога ќе завршат работите на Римскиот театар во Стоби

Петар Печков

Неколку години фестивалот на античка драма „Стоби“ се одржува во велешки театар. Причината е што во локалитетот Стоби, на Римски театар се изведуваат работи за негова санација и конзервација.   Во разговор со археологот Гоце Павловски, виш кустос, кој раководи со активностите  на објектот, открива како тие се одвиваат и кога би требало да завршат.

„Имаме десет годишен континуитет на работа на театарот. Секоја година се работата различни сегменти.  Тие зависат од буџетот кој го добиваме, висината на финансиите за реализација на проектот.  Изминатите години се конзервираше долната  половина од гледалиштето. Последните години сме фокусирани  на конзервација и истражување на горниот сегмент од гледалиштето.  Се работи на конзервација на  циркуларните и радијалните ѕидови, кои се супструкција, која ги носела седишта од горниот сегмент.   Кога ги откривме во 2009 и 2010 година беа во многу лоша состојба. Далеку сме од готови од истражувањата, бидејќи ѕидовите сочувани се околу 6 метри, од оригиналните 20 метри колку биле високи. Годинава се работеше на најоштените радијални ѕидови. Се надевам следата година тој процес ќе биде завршен. И ќе бидеме сигурни дека овој дел од театарот ќе биде сигурен и заштитен. Но далеку, далеку сме од завршување на целата работа со театарот. Проектот опфаќа реконструкција на источната  половина  од гледалиштето.  Тоа бара големи средства, кои буџетот на Министерството за култура не може да си овозможи, па е потребна владина интервенција. Завршувањето ќе овозможи ревитализација на овој простор, со одигрување претстави, концерти и други содржини“ - кажа Павловски.  

Или за повторно одржување на Фестивалот на античка драма  во локалитетот, очигледно ќе треба и време и пари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати