Колоритните бои на Велес

Петар Печков

Новите домови на велешани се во разни бои на виножитото. Колку е тоа во ред  но дали има оправдување. Велешката архитектка Станка Амбаркова во нејзините трудови за стар Велес опишувајќи дека секоја куќа е обоена во различна боја, објаснува дека со тоа се  праќа скриена порака

Ако во куќата имало машки за женење, фасадите се бојадисувале во ладни бои, сина, зелена а ако имала женски за мажење со бојадисувале со женски бои, црвена, розева.

Жолтата било дека има стара мома, пример е куќата на Џинот чија сестра била немажена.

Белата боја означувале дека или домаќините ќе одат на грубет или ќе одат како ајдути во шума. Бела боја - бела чума...

Така било некогаш, а како е денес. Повторно се враќаат колоритнте бои во фассдите на новогрдбите од Велес, што архитектите го посдравуваат. Но какви пораки тие испраќаат? Статусни, каков џип имаат, фирма, за моќта на газдата??

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати