Мотористите го кренаа на нозе градот

Петар Печков

Триста мотористи ќе ја крстосуваат  Македонија три дена по повод 8-ми Септември Денот на државноста во мото релиото ,,Низ Македонија,, .. Со учество на мотористи од Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија и од сите клубови од Македонија, тие ќе минат илјада километри  на две тркала.

Македонија со мотори ќе ја прошетаме во три дена, првиот  ден ноќеваме во Дојран, втората етапа  е во Охрид и третата е до Скопје. Целта е да го одбележиме празникот со дружење, возење – Ѓорги Несторов Зрно директор на ова рели. Со звукот на хонди, сузуки, кавасаки или сите марки  и видови мотори, брзински и туристички,   го привлекоа вниманието и велешани застанаа на миг да ја видат километарската колона на учесници која парадно мина низ градот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати