Музичкото училиште преименувано во Стефан Гајдов

Петар Печков

На седница на Советот на општина Велес, советниците со мнозинство гласови донесоа одлука музичкото училиште наместо Киро Димов, да се именува Стефан Гајдов.Советниците од СДСМ реагираа на постапката на преименување, брајќи образложение зошто се менува досегашното Киро Димов.

Основното музичко училиште од Велес е прво во РепубликаМакедонија, а еден од неговите основачи е токму Стефан Гајдов кој основал повеќе нижи музички училишта во Македонија веднаш по завршувањето на II-та Светска војна.

Стефан Гајдов (Велес, 8 јуни 1905 - Скопје, 17 јули 1992), композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати