Фестивал на античка драма Стоби, по деветти пат

Петар Печков

 Организаторот се реши пред публиката во античкиот театар од археолошкиот локалитет Стоби да ги прикаже претставите: ,,Хамлет,, на Драмски театар до Скопје, ,,Баханалии,, на велешкиот народен театар, ,,Цар Едип,, на три државни куклени театри од Пловдив, Бургас и Стара Загора - Бугарија, ,,Лагата на Тиресиј,, на Кралскиот театар од Цетиње Црна Гора и монодрамата ,,Антигона,, проект на прилепскиот Но нејм театар.

Сите претстави се специфични по себе, така бугарската иако е куклена е наменета за посетители со  над 16 години возраст, скопскиот Хамлет доаѓа веднаш по премиерата на Охридско лето, црногорската претстава е фестивалска копродукција која го отвори фестивалот Котор-арт а наесен ќе биде прикажана на МЕС во Сараево, додека со прилепскиот проект промовираме нов театарски простор во локалитетот Стоби, тоа е т.н. Бања каде ќе се играат претстави за стотина гледачи.  Изборот е резултат на  нашите технички можности, тоа е просторот, поради што моравме да ги одбиеме и такви имиња, големи театарски куќи, како што се Народно позориште од Белград со Бахантки, ХНК од Риека со Лисистрата, Турскиот национален театар од Истанбул со Бакхи – изјави Зоран Љутков претседател на организациониот одбор на фестивалот.

Жирито во состав Александар Ѓоргиев, Јелена Жугиќ и Дејан Дамјановски кои ќе ја доделат наградата Гран при и статуетка ,,Афродита,, за најдобар актер, актерка и режисер. За посетителите од Велес обезбеден е автобуски превоз кој како и влезниците е бесплатен, со тоа што претставите ќе можат да ги видат до 1.200 гледачи поради работите кои се во тек во локалитетот Стоби.

Фестивалот, кој ќе чини два милиони денари, 1,3 од општината и 700 илјади од Министерството за култура, ќе биде отворен  на 17-ти со Печалбари на кумановскиот а затворен  на 31 јули со Крпен Живот на прилепскиот театар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати