Чашка мисли на своите граѓани,отвори сервисен центар

Петар Печков


Со Граѓанскиот сервисен центар, кој  со над еден милион денари е финансиран од Општина Чашка, според градоначалникот Пановски, на околу  две илјади жители на општината и на населението од  околните села  ќе им се олесни работата за добивање најразлична документација.
Во овој центар, ќе можат да се добиваат најразлични  информации, а ќе им се помага на жителите во потполнување на различна  документација од областа на катастар за земјоделие и слично.

Се предвидува со возило на Општината документите да се носат во Велес и потполнети да им се враќаат на жителите – изјави градоначалникот Горан Пановски
Граѓанскиот  сервис центар е опремен со 12 компјутери мрежно врзани со општината, во прво време во него ќе работат 12 лица.
Како што е најавено, се очекува  наскоро да се  отвори и четвртиот Граѓански сервис центар, и тоа  во селото Горно Јаболчиште, со околу три илјади жители

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати