Јапонска донација за противпожарно возило за Велес

Петар Печков

Со грант  од Кралството Јапонија, велешката противпожарна единица ќе добие ново возило. За ова потпишан е договор помеѓу Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Јапонската влада во вредност  од 60 442 евра со кој ќе се набави ново возило за Територијалната противпожарна единица во градот. Новото противпожарно возило е марка  ВОЛСКВАГЕН АМАРОК. Теренско возило кое може да се употребува пред се во урбана средина, но и за шумски пожари. 

Со ова возило можеме да стигнеме до најтесните сокаци на градот, каде можеме да интервенираме.  Нивната предност е што можат да користат  дотур на вода за гаснење оган од самите чешми на граѓаните , Истото еќ се користи и  за интервенции за Општина Чашка – изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Прашан колку пати сличното возило кое беше донација од Дирекција за заштита и спасување е искористено Лепидовски одговори во два наврати, во еден пожар во Јаболчиште  во пожарот кај училиштето Св. Кирил и Методиј.  

Возилото ќе биде опремено со 1 сет за гасење пожар, ќе носи резервоар со 550 литри вода, а ќе има и 1 стабилна и 3 рачни радиостаници за комуникација, како и лична заштитна опрема. Исто  возило но со помала литража, 350,   има противпожарната единица во Велес.

Во наредниот период како проект кој треба да ја подобри противпожарната заштита на граѓани ќе биде поставување на надземни хидранти на улиците во високите градски зони. Пред некој месец со грант од Јапонија беше изведена реконструкција на парните котлови и санитариите во ОУ Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинов Џинот.  

И додека ТППЕ од Велес постојано се опремува, таа се судрува и со проблем со мал број на пожарникари. Тоа го потврдуваат и од единицата од локалната власт.   Според нормативите по големината на општината  ТППЕ треба да брои 40  вработени а  ги има 23 од кои 4 се распределени на друго место, поради здравствени причини.

Имаме поднесено документи за вработување  на пожарникари подолг период. И секогаш сме одбиени.  И до МВР и до Министерството за финансии. Баравме и сами како локална власт да вработиме пожарникари, наместо администрација за решавање на проблемите на граѓаните, да имаме доволен број пожарникари. Одговор немаме  - изјави градоначалникот Чадиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати