Јура парк 2, премиерно пред велешани во Киноверзум, заедно со светската премиера

Петар Печков

Со светската премериа, и во Киноверзум во Велeс премеирано се прикажува Јура парк два, СВЕТОТ ЈУРА:ПОВТОРНМО РАЃАЊЕ. Пет години по случувањата од филмот СВЕТОТ ЈУРА: НАДМОЌ, екосистемот на планетата се покажал како многу негостољубив за диносаурусите. Тие кои опстанале се наоѓаат во екваторијалните средини каде владее клима слична на таа во која некогаш живееле.Трите најколосални суштества на копно, во море и во воздух, во таа тропска биосфера ги содржат клучните компоненти за лек кој ќе придонесе за чудесно зачувување на животот на човештвото. Новото поглавје е засилено со ѕвездата на акционите филмови, Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и Маршал Али. Приказната преполна со акција зборува за тим за спасување кој оди на најопасното место на Земјата, истражувачкиот центар на островот на кој се наоѓа оригиналниот парк од времето на Јура, во кој живеат пострашни од најстрашните.
Во главните улоги се и признатите светски ѕвезди Руперт Френд и Мануел Гарсија-Рулфо. Филмот го режираше Гарет Едвардс ( Одметник 1: Приказна за војна на ѕвездите), мајстор за акција и визуелни ефекти, а по сценарио на сценаристот на оригиналниот Парк од времето на Јура, Дејвид Коеп. Скарлет Јохансон, ја игра Зора Бенет, експерт за тајни операции која ја ангажираат да води уигран тим во строго доверлива мисија во која треба да се сочува генетски материјал. Кога операцијата на Зора ќе се сретне со едно семејство чиј брод се превртел во водите во кои живеат диносауруси грабливци, остануваат насукани на забранетиот остров каде некогаш постоела тајна истражувачка станица, Паркот Јура. Тука, на теренот кој го населуваат диносауруси од најразлични видови, ќе се соочат лице в лице со злокобно, шокантно откритие кое со децении било скриено од светот. 

На репертоарот е и најглЕданиот филм во светот измиантито викенд Ф1 со Бред Пит. Од творците на хитот Топ ган: Маверик, доаѓа високооктанскиот блокбастер на годината – Ф1! Во главната улога е Бред Пит, како поранешен возач на Формула 1 кој се враќа на патеката, а Демсон Идрис е неговиот тимски колега во измислениот тим АПХ ГП. Оваа адреналинска авантура нѐ води во срцето на светот на Формула 1, а снимена е за време на вистински Гран При викенди, каде што филмскиот тим се натпреварува покрај вистинските великани на спортот. Со приказната за аутсајдери, пријателство, храброст и со доза романтика, Ф1 нуди уникатно кинематографско искуство кое ќе ве остави без здив. Подгответе се за спектакуларна авантура која ги поместува границите на филмското искуство!  

Hовиот производ на студиото Дизни, анимнираниот филм ЕЛИО. Елио, вселенски фанатик со активна имагинација, се наоѓа во космичка несреќа каде што мора да создаде нови врски со вонземски животи, да се движи низ криза од меѓугалактички размери и некако да открие кој навистина треба да биде.   Низ вековите, луѓето барале одговори од универзумот — а во новиот филм на Дизни и Пиксар „Елио“, универзумот одговара! Ова вселенска авантура нѐ запознава со Елио, љубител на вселената со бујна фантазија и голема опсесија со вонземјани. Кога го телепортираат во Комуниверзумот, меѓугалактичка организација со претставници од далечните галаксии, Елио се наоѓа пред епски предизвик. Погрешно идентификуван како лидер на Земјата, тој мора да создаде нови врски со ексцентрични вонземски облици на живот, да реши криза од галактички размери и да открие кој е и каде всушност припаѓа. 

На репертоарот e и анимираниот Лило и Стич, дело на студиото Дизни,  кој и натаму е при врвот, два месеци по премиерата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати